Утрински Весник
Свет

Меланија Трамп ги повика Американците на единство по обидот за убиство на нејзиниот сопруг

20240714200542 Big 730x400 50 1.webp.webp

Сопругата на Доналд Трамп, поранешната прва дама на САД, Меланија Трамп, се огласи по обидот за атентат врз нејзиниот сопруг и ја повика нацијата на единство.

– Сега мислам на вас, мои сограѓани Американци. Ние отсекогаш сме биле едно. Америка, ткивото на нашата нежна нација е растргнато, но нашата храброст и здрав разум мора да се издигнат и да не соберат заедно како едно“, напиша таа na социјалната мрежа Х.

Меланија Трамп им се заблагодари на агентите на американската тајна служба кои, како што наведува,  ги ризикуваа сопствените животи за да го заштитат нејзиниот сопруг и им изрази сочувство на сите други настрадани, вклучително и на семејството на лицето кое загина во нападот за време на митингот во Пенсилванија.

– Монструмот што го препозна мојот сопруг како нечовечка политичка машина се обиде да ја задуши страста, смеата, генијалноста, љубовта кон музиката и инспирацијата на Доналд. Суштинските аспекти од животот на мојот сопруг – неговата човечка страна – беа закопани под политичката машина.  Не смееме да заборавиме дека различните мислења, политиката и политичките игри се инфериорни во однос на љубовта, напиша Меланија Трамп.

Можете да прочитате

САД подготвуваат предлог-закон за санкции од 500 отсто за земји што купуваат руска енергија

САД воведуваат 35 отсто царини за Канада, Трамп најавува тарифи за повеќето трговски партнери

Трамп: Во понеделник „голема изјава“ за Русија