Утрински Весник
Магазин

Мексиканката Фатима Бош е новата „Мис Универзум“

Screenshot 2025 11 21 082908 1.jpg

Фатима Бош од Мексико е крунисана за „Мис Универзум“, откако стана омилена кај публиката по прекорот од еден од организаторите на изборот за убавина на состанокот на почетокот на натпреварот.

Изборот се одржа во Тајланд. Бош, инаку 25-годишна хуманитарка и волонтерка, беше крунисана од минатогодишната победничка Викторија Кјаeр Тејлвиг од Данска. Како второпласирана заврши Тајланѓанката Правинар Синг, додека меѓу првите пет беа и Венецуелката Стефани Абасали, Филипинката Ахтиса Манало и Оливија Јасе од Брегот на Слоновата Коска.

Бош требаше да напушти настан на почетокот од натпреварувањето претходно во ноември откако официјалниот претставник Нават Ицарагрисил јавно ја прекори и се закани дека ќе ги дисквалификува оние што ја поддржуваат во тој миг. Седмица подоцна, двајца членови на жирито поднесоа оставка, а еден од нив – музичарот Омар Харфух ги обвини организаторите за местенки на натпреварот.

На последниот настан присуствуваа претставнички од 120 земји. Надин Ајуб стана првата жена што го претставуваше палестинскиот народ на натпреварот и стигна до 30-те полуфиналисти, пред да биде елиминирана. Финалето беше отворено со настап на тајландскиот пејач Џеф Сатур, а го водеше американскиот комичар Стив Брн.

По кругот со костими за капење, првите 30 натпреварувачки беа сведени на 12, а потоа на 5 девојки. На финалистките им беа поставени неколку прашања. Едно од нив гласеше: За кое глобално прашање ќе зборуваат на Генералното собрание на Обединетите Нации и како ќе ја користат платформата на „Мис Универзум“ за поголема моќ во рацете на младите девојки?

– Верувајте во моќта на Вашата автентичност. Вашите соништа се важни, Вашето срце е важно. Никогаш не дозволувајте никој да ве натера да се сомневате во Вашата вредност, рече Бош.

Натпреварот се одржуваше во текот на три недели, а натпреварувачките патуваа низ целата земја за да учествуваат во обуки и разни други настани. 

Можете да прочитате

Австралија: И „Амазон твич“ забранет за лица под 16 години, „Пинтерест“ ја избегна забраната

Денес се слави Св. Архангел Михаил – Ангелот кој одлучува кој ќе биде спасен, а кому му чукнал судниот час, што треба да правите?

Денеска се слават Светиот Архистратиг Михаил и останатите Сили небесни бестелесни