Утрински Весник
Спорт

Мекларен го освои шампионатот за конструктори за прв пат по 1998 година

20241208174228 Big 730x400 55.webp.webp

Мекларен го освои шампионатот за конструктори на крајот од сезоната во Формула 1 во 2024 година.

На последната трка во годината во Абу Даби, вчера британскиот тимски возач Ландо Норис заврши прв, неговиот тимски колега Оскар Пјастри беше десетти. Овој резултат на тимот и ја обезбеди шампионската титула во екипна конкуренција (вкупно 666 бодови).

Мекларен го освои трофејот за прв пат од 1998 година. Вкупно, тимот има девет конструкторски првенства. Во оваа статистичка категорија Мекларен се изедначи со Вилијамс, трет е Мерцедес со осум трофеи.

Тимот на Ферари го освои второто место во шампионатот за конструктори заостанувајќи 14 бода од Мекларен. Ред Бул (589) е на третото место, Мерцедес е четврти (468).

Можете да прочитате

Мурињо му одговори на Пеп: Само сакам правда

НБА куп: Оклахома го елиминира Далас, Милвоки го победија Орландо

Реал и и ПСЖ мораа да победат и го направија тоа, Баер во 90.минута го победи Интер, Брест е сензацијата во ЛШ