Скапо платениот Хари Мегваер ќе го напушти Манчестер јунајтед. Поранешниот играч на Лестер, на „Олд Трафорд“, не успеа да ги оправда очекувањата. Јунајтед за Мегваер издвои 87 милиони евра.
Ерик Тен Хаг нема доверба во Мегваер. Дефеназивецот не може да се сети кога последен пат започнал меч во стартната постава.
Интересно е што селекторот на Англија, Герет Саутгејт и во најтешките моменти му веруваше на дефанзивецот и секогаш беше дел од неговиот состав, дури и на Светското првенство во Катар.
Англичанецот на лето сигурно ќе го напушти „Олд Трафорд“, бидејќи тоа не е во плановите на Ерик Тен Хаг, а клубот кој најмногу го посакува во своите редови е Њукасл.
„Страчките“ оваа сезона се во борба за Лигата на шампионите, а богатите сопственици сакаат да продолжат да создаваат респектабилен тим и во наредните сезони.
Мегваер одигра 167 натпревари за Јунајтед и постигна седум гола.