Утрински Весник
Спорт

Мега договор за Кристијано Роналдо

20250114090252 Big 730x400 24.webp.webp

Кристијано Роналдо е блиску до потпишување на повеќемилионско продолжување на договорот со Ал Наср.

Според тамошните медиуми, пренесени од „О Жого“, португалскиот ветеран ќе го продолжи договорот со Ал Наср до јули 2026 година. За потписот ќе добие неверојатни 200 милиони евра.


Роналдо на 5. февруари ќе наполни 40 години, но тоа не ги спречи богатите газди на клубот да му понудат нестварна сума пари за да остане во Ријад по истекот на неговиот договор ова лето.

Се известува дека еден од првите играчи кој прифатил преселба од врвниот европски фудбал во Саудиска Арабија веќе ја прифатил понудата и е блиску до официјално потпишување на договорот.

Португалецот му се приклучи на Ал Наср во јануари 2023 година по неуспешниот период во Манчестер Јунајтед, а според деталите за продолжувањето на соработката ќе остане најплатен играч во светот со заработка од околу 3,8 милиони евра неделно.

Сезнава, Роналдо одигра 18 натпревари во сите натпреварувања, постигна 16 гола со две асистенции.

Ал Наср е трет во шампионатот со 28 бода по 14 одиграни натпревари. На 84 натпревари во дресот на клубот од Ријад, постигна 75 голови.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина