Утрински Весник
Свет

Медведев: „Светот на дедо Бајден исчезнува“

Медведев: „Светот на дедо Бајден исчезнува“

Изборите во САД покажуваат дека поддршката за курсот на Вашингтон се намалува и дека светот како што го знае „дедо Бајден“ (американскиот претседател Џо Бајден) исчезнува, оценува заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија Дмитриј Медведев.

dobivaj vesti na viber

„Првите резултати од изборите во Америка и вчерашниот ‘хистеричен’ ултиматум на украинскиот зелен лидер во зелена валкана кошула потврдуваат дека светот на кој е навикнат ‘дедо Бајден’ исчезнува и дека поддршката за курсот на Вашингтон се намалува“, напиша Медведев на неговиот канал „Телеграм“.

Медведев оценува дека играњето на картата на Володимир Зеленски од Вашингтон било погрешно.

„Потпирањето на овој арамбаша беше голема грешка“, истакнува Медведев.

Како што пренесуваат руските медиуми, Медведев заклучува дека „некои арогантни земји и нивните миленици и го свртеле грбот на Русија.

Со затворање на избирачките места на Алјаска заврши гласањето за изборите за американскиот Конгрес. Засега во трката за Конгресот водат републиканците, додека неизвесен е исходот од битката за мнозинство во Сенатот, пренесуваат светските медиуми.

Можете да прочитате

Иран: Нашите нови тактики ќе ги шокираат САД и Израел

Иранскиот претседател вели дека Израел и САД треба „веднаш да ја прекинат агресијата“ за да се стави крај на војната

Дваесетина повредени во ирански напад со балистичка ракета врз Димона, каде е главната нуклеарна централа на Израел