Утрински Весник
Спорт

Медведев со ненадејно откажување, Ѓоковиќ во финалето во Астана

Медведев со ненадејно откажување, Ѓоковиќ во финалето во Астана

Иако го освои првиот сет и тесно го загуби и вториот сет во тај-брејк, рускиот тенисер Данил Медведев реши да се повлече од полуфиналната пресметка со Новак Ѓоковиќ на Астана опен во Казахстан при 1:1 во сетови (6:4/6:7(6)). Српскиот тенисер беше изненаден од одлуката на рускиот ривал.

dobivaj vesti na viber

„Навистина бев изненден што се предаде. Изгледаше сосема добро, можеби во последните 6-7 поени минимално поспор. Ми кажа дека го истегнал стомачниот мускул и се надевам дека не се работи за сериозна повреда. Тој беше подобар играч во двата сета“, изјави Ѓоковиќ.

Србинот во утрешното финале ќе се судри со грчкиот ривал, Стефанос Циципас, кој се врати од сет негатива за 4:6/6:4/6:3 победа над уште еден руски тенисер, Андреј Рубљов.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина