Утрински Весник
Свет

Медведев: Русија може да употреби нуклеарно оружје ако „го загуби трпението“

D0bcd0b5d0b4d0b2d0b5d0b4d0b5d0b2 D0bfd0bed180d0b0d0b4d0b8 D0b8d181d0bfd0bed180d0b0d0bad0b0d182d0b0 D0bdd0b0 D0bfd0bed0bdd0b0d0bfd180 63de6eb2f11f9.jpeg

Поранешниот претседател на Русија и актуелен заменик-претседател на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев, денеска изјави дека Москва може да употреби нуклеарно оружје доколку „го изгуби трпението“ и истакна дека никому не му треба нуклеарен конфликт бидејќи тоа е „многу лоша приказна со многу тежок исход“.

усија не користи нуклеарно оружје како одговор на непријателските напади, бидејќи ја разбира опасноста и неповратноста од таков конфликт. Москва засега покажува трпение, но тоа може да истече, предупреди Медведев на каналот Телеграм.

Тој истакна дека Москва покажува трпение со тоа што не го користи својот нуклеарен потенцијал за да одговори на активностите на Западот во украинскиот конфликт, вклучително и дозволата за изведување напади со прецизно оружје длабоко на руска територија, пренесува БТА.

– Сепак, помпезните англосаксонски идиоти не сакаат да признаат едно: на секое трпение му доаѓа крајот, наведува Медведев.

Тој заблежува дека би можело да се покаже дека се во право умерените западни аналитичари кои предупредуваат на можноста за нуклеарен одговор и дека „одговорот може да биде и употреба на нови ненуклеарни системи“.

Медведев предупредува дека Русија може да го уништи украинскиот главен град Киев и со ненуклеарно оружје како одговор на украинската употреба на западни ракети со долг дострел.

– Иако Москва има причини да користи нуклеарно оружје откако Украина влезе во Курската област, Русија наместо тоа може да употреби дел од своето ново оружје за да го претвори Киев во „џиновски лонец за топење“, вели Медведев

Можете да прочитате

Два брода со мигранти се превртеа кај Мадагаскар, 25 лица загинаа

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење