Утрински Весник
Свет

Медведев: ОН треба да ги повикаат САД да платат компензација на многу земји

Медведев: ОН треба да ги повикаат САД да платат компензација на многу земји

По усвојувањето на резолуцијата Русија да и плати репарации на Украина, Генералното собрание на Обединетите нации сега треба да ги повика САД да платат репарации на Кореја, Виетнам, Ирак, Југославија и други земји, изјави заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија Дмитриј Медведев.

dobivaj vesti na viber

„Треба да ја усвојат истата препорака за исплата на целосни репарации што САД им ги нанесоа на Кореја, Виетнам, Ирак, Југославија и многу други земји кои настрадаа од Американците и НАТО“, напиша синоќа Медведев на својот Телеграм канал, коментирајќи го гласањето во ОН за резолуцијата со која се потврдува неопходноста од воспоставување механизам Русија да и плаќа воени репарации на Украина, пренесе ТАСС.

Можете да прочитате

Мелони утре во Милано ќе се сретне со американскиот потпретседател Џеј Ди Венс

Полска најави нов пакет воена помош за Украина од 56 милиони долари

Трамп ги поддржа премиерката Такаичи и Орбан пред парламентарните избори во Јапонија и Унгарија