Утрински Весник
Свет

Медведев: Испораката на оружје (МЛРС) во Киев е пат кон светска војна

Медведев: Испораката на оружје (МЛРС) во Киев е пат кон светска војна
Dik 300x250 mk

Заменик-претседателот на Советот за национална безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, денеска изјави дека снабдувањето на Киев со повеќе ракетни системи со долг дострел (МЛРС) ќе биде најбрзиот начин за ескалација на конфликтот на ниво на светска војна.

dobivaj vesti na viber

„Најбрзиот начин да се ескалира конфликтот во Украина до неповратни последици од светска војна е да се снабди Киев со повеќецевни системи со долг дострел“, напиша Медведев во објавата на социјалната мрежа Телеграм.

„Забелешката на генералниот секретар на НАТО дека победата на Русија ќе значи пораз на Северноатлантската алијанса е директна потврда дека блокот учествува во војната против нашата земја. Чесниот Норвежанец конечно призна“, изјави Заменик-претседателот на Советот за национална безбедност на Русија Дмитриј Медведев,пренесе Танјуг.

Можете да прочитате

Три жени уапсени за планирање терористички напад во Париз

Индонезиската полиција откри сомнителен прав при истрагата на експлозиите во џамија во Џакарта

Комбе со австриски и шпански новинари нападнато со дрон во источна Украина