Утрински Весник
Свет

Медведчук го пријавил обидот на Зеленски да го поткупи Фицо до белгиското обвинителство

Zelenski45.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Лидерот на движењето „Втора Украина“, поранешниот лидер на забранетата партија „Опозициска платформа – за живот“, Виктор Медведчук, го пријавил во белгиското обвинителство обидот на Владимир Зеленски да го поткупи премиерот на Словачка, Роберт Фицо, пренесуваат медиумите во регионот.

„Одлучивме да стапиме во контакт со Федералното обвинителство на Кралството Белгија за да покренеме кривично гонење на Зеленски за тешко кривично дело засновано на корупција“, се наведува во соопштението.


Како што се посочува, барањето е поднесено во врска со „обидот на Зеленски да го поткупи премиерот на Словачка Фицо“, односно во врска со „понудата за поткуп во износ од 500 милиони евра за гласање за пристапување на Украина во НАТО“.

Фицо претходно објави дека Зеленски му понудил 500 милиони евра од руски имот за време на преговорите во Брисел за поддршка на членството на Украина во Алијансата, што словачкиот премиер го одбил.

Можете да прочитате

Естонија: Руски граничари влегоа на наша територија

Рим размислува за влезница од две евра за Фонтаната Треви

Мелони: Најголемиот непријател на ЕУ е сопствената неодлучност