Утрински Весник
Балкан

Медиумски здруженија повикуваат на протест поради напади врз новинари во Србија

Mediumi novinarstvo.jpg

Медиумски здруженија повикаа на протест утре претпладне пред ,,Претседателството на Србија” поради напади врз новинари на 29 март, кога се одржаа избори во десет општини и градови во државата.

Здруженијата истакнуваат дека со протестот сакаат да покажат солидарност со своите колеги кои беа нападнати на 29 март и да посочат на се потешката и опасната положба на новинарите на терен во Србија.


„Нападите врз новинарите не се изолирани инциденти, тие се систематски напад врз правото на јавноста да знае. Општество во кое новинарите се цел на насилство не е слободно општество и станува место на страв, тишина и неказнето насилство“, се наведува во заедничката изјава на неколку здруженија. 

Можете да прочитате

Силен земјотрес ја погоди Грција

„Безбеден град“ и во Атина, паднаа и првите казни

Милановиќ го откажа Самитот Брдо-Бриони поради изјавите на Вучиќ