Утрински Весник
Свет

Медински: Ако Украина не ги прифати условите на Русија, ќе загуби уште територии

Ukraina rusija.webp.webp

Советникот на рускиот претседател Владимир Путин и шеф на руската преговарачка делегација со Украина, Владимир Медински, изјави дека доколку Киев не ги прифати условите на Москва за прекин на војната, ќе загуби уште делови од својата територија.

Во интервју за американскиот весник „Волстрит џурнал“, Медински изјави дека „со Русија не може да се води долга војна“, повикувајќи се на историскиот пример со Големата северна војна (1700–1721) против Шведската империја, која, според него, покажува дека Русија издржува и победува во долготрајни конфликти.


– Ние сакаме мир. Но ако Украина продолжи да се раководи од туѓи национални интереси, ќе бидеме принудени да одговориме, нагласи Медински, алудирајќи на поддршката што Киев ја добива од Западот.

Тој не наведе конкретни територии кои се предмет на потенцијална дополнителна руска анексија, но изјавата доаѓа во време кога Москва инсистира на признавање на веќе окупираните територии како дел од Русија во евентуален мировен договор.

Можете да прочитате

„Имаше тела насекаде околу мене, бев преплашен, станав и почнав да трчам“ – британски државјанин го преживеа падот на авионот на Ер Индија

Објавена нова снимка од падот на Боингот во Индија, секунди по полетувањето

Според индиските медиуми еден патник ја преживеал авионската несреќа