
Направени од миризливо тесто со мед, многу убаво и вкусно.
Состојки:
- 200 грама мед
- 10 грама шеќер
- 10 мл вода (1 лажица)
- 250 грама обично брашно
- 1 лажичка прашок за пециво
- 250 грама брашно од спелта
- 12 грама сода бикарбона
- 1/2 лажичка цимет
- 1/2 лажичка каранфилче
- 1 јајце
- 70 мл млеко
- 50 грама омекнат путер
Подготовка:
За тестото, загрејте го медот со шеќер, и водата додека шеќерот не се раствори. Оставете да се олади. Измешајте го брашното со прашокот за пециво и просејте го во сад за мешање. Измешајте го брашното од спелта со сода бикарбона и додадете го во смесата од брашно и прашок за пециво. Додадете го јајцето, циметот, каранфилчето, млекото, путерот, изладената смеса од мед и растопениот шеќер и измешајте сè во тесто. Ставете го тестото во фрижидер околу 2 часа. Развлечете го тестото со дебелина од 5 мм на набрашнета површина. Исечете кругови, а може и разни мотиви и наредете ги на намастен и набрашнет плех за печење. Премачкајте ги медените колачиња со млеко и ставете ги на средната решетка од рерна загреана на 180°C. Печете 10 минути со малку отворена врата од рерната.

