Утрински Весник
Спорт

Медалот на олимпиецот кој му пркосеше на Хитлер продаден за 488.000 долари

Медалот на олимпиецот кој му пркосеше на Хитлер продаден за 488.000 долари

Сребрениот медал кој го освои Луц Лонг, германски скокач во далечина, на Олимписките игри во Берлин во 1936 година беше продаден на аукција за 488.000 долари, што е рекордна сума за еден сребрен медал, објави аукциската куќа.

dobivaj vesti na viber

Лонг остана запаметен откако по завршувањето на натпреварувањето, долго време одеше под рака со победникот, Американецот со темна боја на кожата Џеси Овенс, а сето тоа го следеше Адолф Хитлер од трибините на стадионот во Берлин.

Семејството на славниот атлетичар, кој загина во Втората светска војна, одлучи да го даде на аукција медалот и другите колекционерски предмети.

„Овој медал и предметите ја раскажуваат неверојатната приказна за Луц Лонг, најхрабриот олимпиец“, изјави претседателот на аукциската куќа Дејвид Колер.

Овенс освои четири златни медали на Олимписките игри во Берлин, а неговиот успех го урна нацистичкиот мит за супериорноста на ариевската раса.

„Потребна беше голема храброст за да се спријатели со мене. Можете да ги стопите сите медали и трофеи што ги имам и тие не би биле дел од 24. каратното пријателство што го чувствував за Луц Лонг во тој момент. Хитлер мора да има полуде гледајќи не како се прегрнуваме“, изјави Овенс многу години подоцна.

Можете да прочитате

Реал Мадрид реши да купи нов голман по катастрофалниот пораз од Барселона

Вејд доби статуа која не личи на него

Георгиевски освои сребро Г1 светскиот куп во Букурешт