Утрински Весник
Македонија

Мециновиќ: Владата води историски најопасна надворешна политика по државните интереси

Mecinovic.jpg

Соопштение за јавност на Левица:

На денешната седница за опозициски пратенички прашања, пратеникот од Левица Амар Мециновиќ даде критички осврт на надворешната политика која ја води владата на ВМРО-ДПМНЕ. Мециновиќ на почетокот се осврна зошто министерот Муцунски не е присутен на пратенички прашања и праша дали можеби неговото отсуство е поврзано со градењето на новиот објект на кровот на Министерството за надворешни работи.

„Јас и претходно реагирав за едно многу контроверзно гласање во Генералното собрание на Обединетите Нации. Тоа е гласањето против обидот за носење на резолуција за прекин на огнот во Газа. Тогаш вие гласавте против, надвор од очекувањата на македонското општество и надвор од традицијата дипломатска која Македонија ја има.” – истакна Мециновиќ.

Пратеникот од Левица дополна дека ова првиот владин кабинет за надворешна политика кој гласал против кревањето на ембаргото на Куба. Ваквиот чекор според Мециновиќ претставува најгруб дисконтинуитет во традицијата на македонската дипломатија.

На крајот, Мециновиќ се осврна и на односите со Кина, безвизниот режим и прашањето за Тајван, како и на поширокиот геополитички контекст на продлабочена криза во трансатлантските односи. Тој ја обвини Владата дека во момент кога САД стануваат сè понепредвидлив партнер, таа ја врзува Македонија исклучиво за американската линија, занемарувајќи ја европската траекторија.

„Албанија воведе безвизен режим со Кина и се приближува кон Европската Унија. Вие не воведувате безвизен режим и се оддалечувате од Европската унија. Моето пратеничко прашање е: каде оди овој брод?” – праша пратеникот од Левица.

Можете да прочитате

Андоновски на состаноци во Стејт департментот: Соработката во областа на сајбер безбедноста и дигитализацијата во фокусот

Протестот во Битола заврши, сообраќајот сѐ уште се пренасочува

Гаши од Вашингтон: Северна Македонија останува лојален сојузник на НАТО и посветен партнер на САД