Утрински Весник
Македонија

Мециновиќ: Влада фокусирана на олигархијата, глува за сиромаштијата

Mecinovic.jpg

Оваа Влада ќе биде запаметена по најголемите задолжувања во историјата и најнемилосрдната борба против синдикатите, работничкото претставување и работничките права, оценува пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, во објава на социјалните мрежи.

„Ќе се памти по криминално богатење и репресија на неистомисленици, политички, медиумски и граѓански – бидејќи ова е Влада на олигархијата и крупниот капитал. Додека УСЈЕ труе, молчат – додека работниците бараат повисоки плати, гласно и фуриозно се борат против тоа”, пишува Мециновиќ.

Според него Владата не покажува интерес ниту за сиромаштијата, ниту за загадениот воздух, ниту за работничките права, туку исклучиво за бизнис – интересите и олигархиските потреби. „Само ненаситноста на олигархијата е бесконечна, како и волјата на нивната Влада да ја храни”, порачува Мециновиќ.

Можете да прочитате

Јаневска: Не ми треба преведувач за во Тетово, во Македонија се знае македонски

Савески најави средба со обвинителите во предметот за Кочани

„Најригорозна, но и најскапа мерка“: Новиот државен обвинител ќе бара од колегите поретко да се решаваат за затворски притвор