Утрински Весник
Македонија

Мециновиќ: Љутков нема одговор за непочитувањето на Законот за македонски јазик

Mecinovic.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Соопштение на Левица:

MK Summit

(Статус на пратеникот од Левица – Амар Мециновиќ)


,,Честит Ден на македонскиот јазик, но не толку и на Законот за употреба на македонскиот јазик – на први април му поставив писмено пратеничко прашање на министерот за култура Зоран Љутков за обврска која произлегува од законот, и тоа: зошто државните институции сѐ уште немаат вработено лектори, иако тоа е предвидено да се случи во рок од една година?

Прво, властите имале обврска да формираат Инспекторат за употреба на македонскиот јазик во рок од три месеци од донесувањето на законот изгласан на почетокот на јануари 2024 година. Огласот за Инспекторатот е завршен дури на 10-ти март 2025 година.

Второ, во рок од една година сите државни институции имале обврска да вработат лектори, што и понатаму е далеку од реалноста.

И трето, министерот Љутков иако требаше да ми одговори на ова прашање до седницата за пратенички прашања од крајот на минатиот месец, одговор сѐ уште нема.”

Можете да прочитате

СДСМ: Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ е неуставна

Магла на два патни правци, еден регионален пат ќе биде блокиран од 10 часот

Продор на малку поладен воздух од север, викендов ќе биде постуден