Утрински Весник
Скопје

Мециновиќ: Скопје се разбуди – изборот е меѓу стариот систем и новото што го градиме заедно

Amar mecinovik.jpg
Dik 300x250 mk

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од Левица, Амар Мециновиќ, им се заблагодари на скопјани кои во првиот изборен круг го поддржаа со својот глас, како и на сите волонтери, активисти и поддржувачи на Левица кои, како што рече, верувале дека Скопје заслужува повеќе.

„Скопје се разбуди. Сега сопствените соништа ќе ги види на јаве,“ порача Мециновиќ, кој влегува во вториот круг од локалните избори, каде што ќе се соочи со кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски.


Во објава на Фејсбук, Мециновиќ истакна дека зад резултатот стои искреност, креативност и човечки пристап кон политиката.

„Она кое го изградивме во изминатите недели е показател дека искреноста и креативноста и понатаму допираат до луѓето. Почнавме со замисла дека политиката може повторно да делува човечки. Сега кога веќе дојдовме до вториот круг, изборот е јасен – стариот систем кој го истроши градот, или новиот кој заедно го градиме, кој ќе го стави колективниот интерес пред партискиот. Ова движење никогаш не се однесуваше на мене како кандидат, туку на сите скопјани кои одбраа да се надеваат наместо да се предадат,“ порача тој.

Мециновиќ најави дека во вториот круг, движењето предводено од Левица ќе се бори со уште поголема енергија, со цел надежта да се претвори во реалност.

„Во овој круг, надежта ќе ја претвориме во реалност – со храброст, достоинство и неизмерна љубов кон сопствениот град,“ напиша тој.

Според 99,95 отсто обработени гласачки ливчиња од првиот круг, кандидатот на Левица, Амар Мециновиќ, освоил 13,20 проценти, односно 30.662 гласа, додека неговиот противкандидат од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, води со 39,43 проценти или 91.612 гласа.

Можете да прочитате

Лабудовиќ: Сите опозициски гласови се за промена, а промената во Центар е неизбежна

Пенов: Во Советотт ќе се борам,нема да молчам

Маја Мојсова: Идниот градоначалник ќе го следам будно