Утрински Весник
Скопје

Мециновиќ: Да почнеме да ги решаваме изворите на аерозагадувањето, а не симптомите

Photo 2025 10 08 23 28 43 2.jpg

Вчеравечер, во рамките на своите народни средби во Аеродром, Центар и Кисела Вода, Мециновиќ презентираше дел од програмата #СкопјеСЕГА и повторно потсети дека досега се третирале симптомите, наместо изворите на аерозагадувањето.

„Град Скопје го посочува прстот кон сиромашните, како тие да се виновни, наместо да работи на санкционирање на вистинските загадувачи. Мора да се зголеми бројот на инспекторите за животна средина, да се опремат со дронови за поефикасна работа на терен и да се унапреди соработката со Министерството за животна средина,” истакна Мециновиќ. Тој информираше дека градот, поради актуелната регулатива, нема надлежност без Министерството да врши инспекциски надзори над индустриските загадувачи, кои се најголем извор на аерозагадување.


Мециновиќ додаде: „Повторно ќе истакнам дека со решавање на проблемот со јавниот транспорт – кој, патем, е главен фокус во нашата програма, ќе се реши поголем дел од проблемите во Скопје, вклучително и аерозагадувањето.”

„Среќен сум со текот на кампањата и сè поверојатно е дека влегуваме во втор круг!” – заврши Мециновиќ.

Можете да прочитате

ЈСП утре ќе сообраќа по неделен возен ред

Без вода утре МАНУ, Основен суд 2, ТЦ „Мавровка“, МКЦ, НУБ, УКИМ и други објекти, како и дел од чаршијата

Шалтерите на ЈП Водовод и канализација нема да работат за време на празникот