Утрински Весник
Македонија

Мечки почнаа да се приближуваат кон населени места околу националниот парк „Шар Планина“

Mecki.jpg

Во последните две недели, сè почесто се бележат случаи на приближување на мечки кон населени места во регионот на Националниот парк „Шар Планина“, информираат оттаму.

Овој феномен, според нив, е резултат на намалени природни извори на храна во подрачјата кои се нивно природно живеалиште.


За да се намали ризикот од несакани средби со луѓе и да се помогне за здравјето и безбедноста на овие важни жители на нашата планина, започнуваме иницијатива за симболична прихрана на мечките, на оддалечени и безбедни локации, далеку од населени места и планинарски патеки, велат од Националниот парк.

Бараат доброволни донации на јаболки и пченка од домашно потекло, со цел хранењето да биде што е можно послично на природната исхрана на мечката, која претежно е растително базирана.

Дистрибуцијата на храната ќе ја извршува Управата на Националниот парк, во соработка со волонтерска служба, во согласност со Програмата за заштита, одгледување и управување со дивечот, каде што се препорачува симболична прихрана како метод за следење и заштита на дивечот.

Од Националниот парк велат дека преку оваа акција:

– ќе се спречи несакано приближување на мечки до населени места.

– ќе се помогне во зачувување на нивната природна навика за исхрана.

– ќе се овозможи мониторинг на нивната бројност, здравје и старосна структура.

Прифатливи се само јаболкa и пченка од домашно производство, без хемиски третмани.

Видеото од снимените мечки можете да го погледнете со клик ТУКА.

Можете да прочитате

Расте бројноста на загрозените белоглави мршојадци во Македонија!

Коцевски: Истрагата за пожарот во Кочани е завршена, од утре увид на одбраната во доказите

За Панчо во моментов нема да се води постапка бидејќи е во тешка здравствена состојба, вели Коцевски