Утрински Весник
Македонија

Мечка изела овци во гостиварското село Равен

05 Mecka.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

На бројот за итни случаи – 112, синоќа регистрирана е пријава за напад од мечка врз овци во општина Гостивар, соопшти претпладнево Центарот за управување со кризи (ЦУК).

– Добиена е пријава во 20.45 часот, за убиени и изедени овци во село Равен. Пријавителот информирал дека во вторникот, мечка му убила и изела шест овци. Трлото, каде што го чувал стадото, било на периферија на селото Равен. По пријавата во ЦУК, на терен излегле од ПС – Гостивар, наведуваат од ЦУК.

По утврдувањето на состојбата на терен, ќе се преземат следни чекори од надлежните министерства, институции, јавни претпријатија и од локалната самоуправа.

Можете да прочитате

Политички судир: Реформи на СДСМ наспроти националниот наратив на ВМРО-ДПМНЕ за влез во 2026 година

34 автомобили оштетени на паркинг во Аеродом

СДСМ обвинува дека власта го следела Филипче