Утрински Весник
Македонија

Меѓусебната соработка најдобро се отсликува преку взаемна помош и солидарност кога е потребно

Img 4ab456030676f1f5205ae073497cbe9e V.jpg

Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, кој се наоѓа во официјална посета на Вооружените сили (ВС) на Република Турција, во текот на вчерашниот ден, во Анкара оствари средби со својот домаќин, началникот на Генералштабот на ВС на Република Турција, генерал Метин Ѓурак и министерот за одбрана Јашар Ѓулер.

На остварените средби од страна на генералот Ѓурчиновски е искажана благодарност за испратената подршка со еден хеликоптер и два ер трактори кои Република Турција го упати за ангажирање во справување со пожарите во нашата држава.

Притоа е истакнато дека високото ниво на меѓусебната соработка најдобро се отсликува преку овој облик на взаемно пружање на помош, кога за тоа ќе се укаже потреба, како што беше случај  и при упатената помош од наша страна за справување со последиците од катастрофалниот земјотрес во Република Турција пред две години. Воедно е разговарано и за понатамошни облици на евентуалнa подршка и помош во оваа и вакви слични ситуации на природни непогоди.

На средбата на генералот Ѓурчиновски со својот домаќин, генералот Ѓурак, се разговарало и за можностите за понатамошно проширување и интензивирање на билатералната воена соработка која се состои од изведување на заедничка обука и вежби, заедничко учество во мисии и користење на капацитетите на двете армии.

Од страна на генералот Ѓурчиновски е истакнато и нашето заедничко учество во мировните операции, пред се во Босна и Херцеговина, а како и претходно во Авганистан нашиот контингент е под покровителство на турскиот контингент.

Во рамки на посетата, армиската делегацијата предводена од генералот Ѓурчиновски денес ја посети и командата на турските специјални сили и други единици, каде се разгледувале можностите за соработка во обуката и вежбите.

Република Турција како наш стратешки партнер претставува значаен подржувач и придонесувач во нашите достигнати НАТО стандарди во повеќе полиња, при што посебно е изразена во: обуката, военото образование, заедничко учество во мировни мисии и операции, опремување и друго.

Можете да прочитате

Честитка од ВЛЕН по повод 28 Ноември – Денот на независноста на Албанија

СДСМ: Јаловите напади на ВМРО-ДПМНЕ се доказ за нивната нервоза и страв од промените во СДСМ

Филипче: Започнуваме веднаш со работа, најавувам посета на сите општински организации