Утрински Весник
Свет

Меѓународно призната Влада на Јемен ќе добие помош од 250 милиони долари од Саудиска Арабија

20240211181814 Big 730x400 64.webp.webp

Саудиска Арабија ќе и испрати помош од 250 милиони долари на меѓународно признатата Влада на Јемен, која Ријад ја поддржува во војната против бунтовниците Хути.

Во август Саудиска Арабија  ги испрати првите 250 милиони долари помош како дел од ветувањето дека ќе и обезбеди на јеменската Влада 1,2 милијарди долари за намалување на буџетскиот дефицит и за исплата на платите на државните службеници.

– Тоа е втора транша од помошта наменета за намалување на буџетскиот дефицит на јеменската влада во износ од 250 милиони долари, изјави саудискиот амбасадор Мохамед ал Џабер во Аден.

Владата на Јемен се пресели во Аден, пристанишен град на јужниот брег на Јемен, откако Хутите поддржани од Иран го зазедоа главниот град Сана во 2014 година.

Во 2015 година, Саудиска Арабија мобилизираше меѓународна коалиција наменета да ги собори бунтовниците. Во војната што уследи загинаа стотици илјади луѓе. Прекинот на огнот со посредство на ОН во април 2022 година доведе до големо намалување на конфликтот. Примирјето официјално истече шест месеци подоцна. Ненадејниот договор за приближување објавен во март 2023 година меѓу Саудиска Арабија и Иран ги зголеми надежите за траен прекин на огнот во Јемен, иако досега не е објавен напредок.

Хутите во ноември објавија дека ќе таргетираат бродови во Црвено Море и Аденски Залив за кои веруваат дека се поврзани со Израел, како знак на солидарност со Палестинците во Појасот Газа.

Нивните напади принудија многу сопственици на бродови да го прекинат минувањето низ таа зона, низ која вообичаено минува 12 отсто од светската трговија.

САД ги означи Хутите како терористи и во декември формираше мултинационална коалиција за заштита на поморскиот сообраќај. Бидејќи коалицијата досега не овозможи прекин на нападите на јеменските бунтовници, американските сили, поддржани од Велика Британија од средината на јануари извршија неколку напади врз цели на Хутите.

Јемен е најсиромашна земја на Арапскиот Полуостров.

Можете да прочитате

Ново разрешување од функција на висок претставник во кинеската армија поради истрага за „сериозно кршење дисциплина“

Американска база од 1959 година забележана под 30 метри мраз на Гренланд

Истражување: Загадувањето на воздухот од пожари е поврзано со 1,5 милиони смртни случаи годишно