Утрински Весник
Македонија

Меџити за снимката на која Ахмети пее: Тоа е бесрамна злоупотреба на неговиот имиџ

Меџити за снимката на која Ахмети пее: Тоа е бесрамна злоупотреба на неговиот имиџ

Потпретседателот на ДУИ, Изет Меџити од „Огнената група“ му порача на претседателот дека снимката на која пее е бесрамна злоупотреба на неговиот имиџ. Меџити преку фотографија на која стои името на Артан Груби, порача дека неговата партија мора да се ослободи од вицепремиерот и сличните на нему.

dobivaj vesti na viber

„ Снимањето на Али Ахмет како пее и потоа објавувањето на истата снимка, за да се дефокусира мислењето од вистинскиот проблем, е бесрамна злоупотреба на неговиот имиџ… Снимањето на Али Ахмет и зачувувањето на овие видеа за користење кога ви одговара е неточно и се чини дека тоа не се случува првпат. ДУИ мора да се ослободи од узурпаторите, платениците и неспособните!“, напиша Меџити.

Артан Груби во текот на вчерашниот ден, сподели објава на социјалната мрежа „Фејсбук“ од Али Ахмети, како со цигара в рака, видно расположен пее албанска песна.

„ Изгуби го чуварот, изгуби го семето, ајде да тргнеме понапред од злото“, запеа Ахмети.

„Огнената група“ има забелешки за работата на партијата и бара промени во неа. Претходно Меџити му порача на Ахмети: „да не го гори јорганот за неколку болви“.

Можете да прочитате

На Комисија прифатен амандманот на Левица независните кандидати да соберат потписи од 0,5 отсто од запишаните избирачи во ИЕ, за решението треба да се гласа и на пленарна седница

Собранието одлучи измените и доплнувањата на Изборниот законик да се носат во скратена постапка

Манасиевски: СДС си го плаќал идеологот Фрчкоски, со 200 илјади евра преку Еразмус +, уште ли одработува заради тоа