Утрински Весник
Македонија

Меџити за разрешениот Јовев: Тој е кадар на Венко, нема да има директори што спијат, ова е само почеток

Меџити за разрешениот Јовев: Тој е кадар на Венко, нема да има директори што спијат, ова е само почеток

Министерот за здравство, Фатмир Меџити, го разреши кардиохирургот Сашко Јовев од функцијата директор на Кардиологија и предводник на тимот што ги правеше трансплантациите на срце. На прашањето зошто го разрешил, министерот Меџити рече дека на клиниките нема да остави директори што спијат и немаат резултати.

dobivaj vesti na viber

„Нема да има директори што седат, спијат и немаат резултати. Затоа е здравството во ваква амортизирана состојба. Ова е само почеток, со мене како министер и со кабинетот нема никој повеќе да седи, ќе поднесе извештај што има сработено“, рече министерот Меџити по денешната промоција на можноста за електронско пријавување новороденчиња.

Нагласи дека директорските места се минливи и дека нема да дозволи вечни директори.

„Тој е партиски кадар поставен во времето на Венко, нема вечни директори, ниту јас сум вечен. На тоа место ќе има кадар од коалицискиот партнер СДС, така било и тоа ќе го почитуваме“, рече министерот Меџити.

За оние што се интересираат каква грешка конкретно направил Јовев, министерот рече дека може да побараат прецизни податоци од службите.

Можете да прочитате

ЕБР и полицијата спречија бегство на убиецот од Штип – уапсени петмина и извадени пред суд

Спроведени во суд петмина осомничени за убиството во Штип – убиецот е 21-годишен Турчин

Ставрески и Славевски се најсериозни кандидати за гувернер на Народна банка