Утрински Весник
Македонија

Меџити: Зајакнат мониторинг на загадувањето со нова опрема и технологии

4 1 scaled.jpeg
Dik 300x250 mk

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, при посетата на Централната лабораторија на Министерството, истакна дека ќе се спроведува зајакнат мониторинг на загадувањето на воздухот со нова опрема и технологии.

Лабораторијата е опремена со напреден инструмент ICP-MS во вредност од 160.000 евра, финансиран од УНОПС, кој ќе овозможи прецизна анализа на тешки метали во почва, вода и воздух. Исто така, успешно е завршен процесот на реакредитација, при што лабораторијата доби нова четиригодишна акредитација, која опфаќа 20 аналитички методи, вклучително и мерење на бучава во животната средина и анализа на отпадни води.


„Во рамки на проектот ‘ЕУ за чист воздух’, лабораторијата е опремена со напреден уред ICP-MS во вредност од 160.000 евра, финансиран од УНОПС, кој овозможува прецизна анализа на тешки метали во почва, вода и воздух”, нагласи Меџити.

Тој исто така информираше дека инсталацијата на опремата и обуката на персоналот ќе се реализираат во текот на месец септември, оценувајќи го овој чекор како значаен напредок кон зголемување на техничките капацитети и подобрување на квалитетот на еколошките податоци.

Меџити додаде дека во наредниот период, Лабораторијата ќе добие акредитација за нови методи, со што дополнително ќе се зајакнат нејзините капацитети.

Можете да прочитате

Уапсени двајца полициски службеници осомничени за разбојништвото на златарницата во Гостивар, се трага и по други лица, поднесена кривична пријава

45 поднесени кривични пријави до сега во врска со пожари на отворен простор, лишени од слобода 66 лица

Директорот на М-НАВ работел како контролор на празник за да добие двојна дневница!?