Утрински Весник
Македонија

Меџити во посета на претседателот на Албанија, Бајрам Бегај

Mexhiti Begaj1.jpeg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Претседателот на Република Албанија г. Бајрам Бегај во Претседателството го пречека првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, г. Изет Меџити.

На средбата, што се одржа за време на првата официјална посета на Албанија на вицепремиерот Меџити, претседателот Бегај му честиташе на вицепремиерот Меџити за новата функција и изборниот резултат, а се разговараше за соработката на сите полиња меѓу Албанија и Северна Македонија, каде односите меѓу двете земји беа оценети како одлични, со цел континуирано проширување.

Дискусиите се фокусираа на проекти од стратешки интерес за двете земји, како што е и Коридорот Осум.

„Инфраструктурното поврзување и сеопфатната соработка се приоритет на новата Влада во Скопје, каде што размената на позитивни искуства, особено на полето на странските директни инвестиции, развојот на туризмот и слободното движење на граѓаните, што е камен-темелник за стабилен развој. “, рече Меџити.

Тој додаде дека друга клучна тема на разговорите била соработката во евроатлантските напори, процес кој бара континуирана координација и заедничка посветеност за исполнување на нашите стратешки цели.

Можете да прочитате

Пуштена во употреба новата микробиолошка лабораторија за квалитет на „Aлкалоид“ 

Намалена видливост кај Ресен и Удово

Поради недостиг на мазут, ЕСМ бара прогласување кризна состојба со струјата