
„Во 2017 година промената беше предулосв за отворање на нова перспектива на државата. Мислам дека тогашното ВМРО заедно со ДУИ забегаа. Мораше да дојде до промена, свесно бев еден од луѓето внатре во партијата каде што имаше долги дебати и аргументирав зошто треба да се прекине соработката со Груевски и треба да се почнат разговорите со Заев“ вели првиот вицепремиер Изет Меџити во интервју за „Рацин.мк“.
Тој додава дека тоа било стратешки добра одлука и за ДУИ и за граѓаните, но и за државата, бидејќи благодарение на доаѓањето на промената на власта, Македонија стана членка на НАТО.
„Ја поддржав таа Влада тогаш, јас ги водев преговорите 2017 година за формирање на Владата“ вели Меџити.
Тој додава дека сепак одредени членови на ДУИ, како Ахмети и Груби сепак ги држеле контактите со ВМРО-ДПМНЕ и продолжиле да соработуваат со нив.
„Испаднаа на површина дека тие ги држеле тие контакти, соработувале и понатаму како што се случи да Артан Груби биде внесен во Црна Листа заради влијание во судството заради Мијалков, бизнисите, па мислам дека и менторството во однос на казино бизнисот и брзите кредити. Јасно е видливо дека Груевски, Ахмети, Мијалков, Груби цело време биле заедно“ вели Меџити.