Утрински Весник
Скопје
300x250 opst2

Меџити: Скопската чаршија столб на развојот на економијата, туризмот и културата во Чаир

Image 2025 10 09 134937424.png
Img 7972

Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир од коалицијата ВЛЕН, Изет Меџити, денес го презентираше третиот столб на неговата изборна програма, фокусиран на преродбата на Старата скопска чаршија и развојот на туризмот како економски мотор на општината.

Во своето обраќање, Меџити истакна дека Старата чаршија е многу повеќе од трговски комплекс – таа е “живата историја на Скопје, душата на градот и срцето на Чаир“. Тој нагласи дека неговата цел е ова културно наследство да се трансформира во модерен европски центар на туризмот и културата, преку конкретни проекти и обезбедено финансирање.


“Чаршијата не е само збир на улици и дуќани. Таа е нашата жива историја, духот на Скопје и срцето на Општина Чаир. Наша должност е не само да го сочуваме овој бесценет бисер, туку и да го издигнеме на ниво на врвна европска туристичка атракција, препознатлива во целиот регион. Нашата визија е Чаршијата да стане просперитетен центар на културата, туризмот и економијата.“ – изјави Меџити.

Програмата на Изет Меџити за преродбата на Старата чаршија опфаќа пет клучни развојни чекори:

1.КАПИТАЛНИ ИНВЕСТИЦИИ ЗА ВРАЌАЊЕ НА АВТЕНТИЧНИОТ СЈАЈ
-Реставрација на калдрмите: Целосна конзервација на улиците „Сарачка“, „Папучиска“, „Петар Михов“, „Самарџиска“ и дел од „Ковачка“. Проектот е одобрен од Владата и се реализира во 2025 година.
-Обнова на фасадите: Продолжуваме со обнова на фасадите на сите преостанати дуќани, зачувувајќи го автентичниот изглед и претворајќи ја Чаршијата во вистинска европска атракција.
-Модерно улично осветлување: Инвестираме во нова мрежа за осветлување за да ја зголемиме безбедноста и да ја истакнеме убавината на Чаршијата во вечерните часови.

2. ДИГИТАЛНА ТРАНСФОРМАЦИЈА ЗА МОДЕРЕН ТУРИЗАМ
-Паметни инфо-табли: Поставуваме интерактивни табли на клучните точки – Плоштад Скендербег, Старата Чаршија, Бит Пазар. Тие ќе нудат информации во реално време и бесплатен Wi-Fi за сите посетители.
-“Дигитална Чаршија“: Креираме виртуелен музеј и мобилна апликација која ќе служи како модерен дигитален водич со интерактивни мапи и историски податоци за секој објект.

3. СТАНДАРДИ ЗА СЕКОЈ ПОСЕТИТЕЛ
-Изградба на модерни, беспрекорно чисти и лесно пристапни јавни тоалети. Тие ќе бидат целосно прилагодени за лица со попреченост и ќе се одржуваат секојдневно, обезбедувајќи достоинствени услови за сите.

4. ЗАШТИТА НА БИСЕРИТЕ НА ЧАРШИЈАТА
-Целосна реставрација и меѓународна промоција на нашите историски обележја: Куршумли ан, Капан ан, Сули ан, Чифте амам, Даут Пашин амам, Шенгул амам и Безистенот.

5. „Круна на преродбата“ – изградба на подземен паркинг под Плоштад „Скендербег“

На крајот на презентацијата, Меџити ја најави и изградбата на двокатен подземен паркинг под Плоштад „Скендербег“, инвестиција од 25 милиони евра, веќе обезбедена од Владата. Проектот ќе го реши проблемот со пристапот и ќе ја претвори оваа зона во модерен урбан центар кој ја спојува историјата со европската иднина.

“Капиталниот проект кој ќе стави печат на оваа преродба е изградбата на новиот Подземен паркимг „Скендербег“. Инвестицијата вредна 25 милиони евра е веќе обезбедена од Владата, отворенa е набавката и се очекува за најмногу месец дена да има камен темелник за реализација на овој проект за 800 возила. Ова ќе биде модерно јадро и симбол на Чаир, место каде што нашата богата историја гордо ќе се сретне со европската иднина.“ – потенцираше Меџити.

Во завршниот дел од обраќањето, Меџити истакна дека преродбата на Старата чаршија е идентитетски, економски и културен проект, кој ќе го позиционира Чаир како центар на регионалниот туризам.

„Старата Чаршија е нашата гордост, но таа не смее да живее само од минатото. Таа заслужува жива и просперитетна иднина. Оваа програма не е список со желби. Ова е конкретен план, со обезбедени средства и јасни рокови. Со целосна посветеност и во партнерство со вас, граѓаните и еснафите, ќе ја издигнеме Чаршијата во симбол на нашиот културен идентитет и мотор на економскиот развој и туризмот.“ – изјави Меџити.

Можете да прочитате

(Видео/Фото) Жителите на ул. Финска до Тошковски: Бараме заштита за да не дојде до нова трагедија како во Велес

СДСМ Аеродром: За 4 години ВМРО-ДПМНЕ испорача нечистотија, запуштено зеленило и сообраќаен хаос

Јакимовски: Мицкоски сака да им продаде мачка во вреќа на Карпошани