Утрински Весник
Македонија

Меџити се сретна со шпанскиот амбасадор Рафаел Соријано Ортиз

Im Esp4.jpeg

Првиот потпретседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити денеска оствари работна средба со амбасадорот на Кралството Шпанија во Република Северна Македонија, Н.Е. Рафаел Соријано Ортиз.

Меџити и Ортиз ги оценија односите меѓу двете земји како одлични и со голем капацитет за проширување на соработката во многу области од заеднички интерес.

Првиот потпретседател на Владата Меџити изрази благодарност за поддршката што Шпанија постојано и ја дава на Северна Македонија на нејзиниот пат кон членството во Европската Унија, притоа ценејќи ја многу интензивната соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање, на билатерален план.

Амбасадорот Ортиз позитивно ги оцени реформите што ги прави нашата земја за приближување кон Европската Унија, додека средствата што Европската комисија ги издвојува за нашата земја како доказ дека земјата напредува. Исто така, тој додаде дека билатералната соработка, со 30-годишна историја, е  одлична.

“Директното воздушно поврзување со Шпанија влијае на зголемениот број на посетители во двете земји”, изјави амбасадорот на Шпанија.

Првиот вицепремиер Меџити заблагодарувајќи му се на шпанскиот амбасадор за соработката, нагласи дека новата влада е про-бизнис ориентирана и ги покани шпанските компании да инвестираат во нашата земја.

Можете да прочитате

Студено утро со температури и до минус 11 степени

Скопје никако да се спаси од загадувањето, повторно во топ 10 најзагадени градови во светот!

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија