Утрински Весник
Македонија

Меџити се сретна со директорката на ИОМ, Весна Божиновска Петрушевска

1 12.jpg

Првиот потпретседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити денеска се сретна со делегација на Меѓународната организација за миграција – ИОМ, со седиште во Скопје, претставена од Весна Божиновска Петрушевска, директорка на Канцеларијата во Скопје и Вања Лазаридис проект менаџер на организацијата.

Министерството за животна средина и просторно планирање поддржува два проекти со ИОМ, поврзани со мерењата на квалитетот на воздухот во општина Тетово, како и  во делот на вклучувањето на миграцијата во Националниот план адаптација кон климатските промени.

За време на првиот проект во Тетово и неговата околина, во соработка со УЈИЕ, беа направени мерења на квалитетот на воздухот преку сензори поставени на повеќе локации, што имаа за цел да обезбедат информации за поврзаноста на квалитетот на воздухот во градот и мобилноста на луѓето.

На средбата се разговараше за можностите за продлабочување на соработката во проекти во рамки на Зелениот финансиски инструмент што се реализира во соработка со УНДП, а што се однесуваат на поврзаноста на миграторните движења и климатските промени.

Меѓународната организација за миграција (ИОМ) е присутна во Северна Македонија од 1999 година, каде обезбедува поддршка за хуманитарните потреби на мигрантите и внатрешно раселените лица, преку директна хуманитарна помош.

Можете да прочитате

Давкова ги видела двете бугарски знамиња и се мислела што да направи: Решив да не правам скандал

Ограбена обложувалница во скопско Влае

Средба на Муцунски со шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Вал