Утрински Весник
Македонија

Меџити потврди дека Мухамед Хоџа ќе биде министер за екологија, а Беким Сали прв вицепремиер

Vlada.webp.webp

Еден од лидерите на ВРЕДИ и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити денеска потврди дека поранешниот владин портпарол Мухамед Хоџа ќе биде министер за екологија, а актуелниот пратеник и поранешен министер за здравство Беким Сали прв вицепремиер. Потенцира дека останува само да се дефинира Сали со кое Министерство ќе раководи.

-Нема да има реконструкција, но ќе има главно пополнување на местата. Тие се финализираат. Она што е познато е дека Беким Сали ќе биде прв вицепремиер и треба деновиве да се дефинира кој друг ресор ќе го покрива. А министер за екологија ќе биде Мухамед Хоџа, рече Меџити.

Прашан дали министерот за здравство Азир Алиу ќе го замени Башким Бакиу, Меџити нагласи дека за сите детали околу евентуални смени на министри на одредени ресори ќе информираат.

Меџити соопшти дека ВРЕДИ ќе ги бара гласовите на граѓаните на општините Гостивар и Врапчиште на локалните избори закажани на 11 јанари наредната година, со нови кандидати за градоначалници.

МИА

Можете да прочитате

Левица со амандмани против козметичките „реформи” на ДПМНЕ во Кривичниот законик 

Клековски: Во март следува уште едно зголемување на платите во јавното здравство, кое ќе биде процентуално

Приведен маж од скопско Идризово, со закани барал пари од поранешниот партнер на неговата ќерка