Утрински Весник
Македонија

Меџити: Полог заслужува повеќе – 24info.mk

4 3.jpg

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити денеска изврши увид во работите за изградба на две капитални  инвестиции кои овозможуваат квалитетна вода за пиење за жителите на Першовце и Глоѓи на општина Теарце.

За време на посетата, првиот вицепремиер Меџити истакна дека реализацијата на овие два проекта е од витално значење за жителите на двете населени места од оваа општина.

“Резервоарот за вода за пиење што се гради во Теарца со средства на Министерството за животна средина и просторно планирање во износ од над 18 милиони денари е во завршна фаза, односно завршени се над 90 отсто од работите, а изградбата на филтeр станицата за вода за пиење, која е во напредна фаза во село Глоѓи, во вредност од над 61 милион денари, значително ќе го подобри стандардот на жителите од овој дел на државата”, рече Меџити.

Првиот вицепремиер Меџити додаде дека постојната акумулација е небезбедна и трпи оштетувања при секој дожд, поради што заматена и загадена вода циркулира во цевките и акумулациите.

“Со цел да има функционален водоснабдителен систем,и квалитетна вода за пиење се изработи техничка документација на ниво на Основен проект за изградба на тиролски зафат, доводен цевковод, таложник и филтер станица за с.Пршовце и Глоѓи во општина Теарце, лоцирани покрај р.Бистрица во подножјето на Шар Планина, а реализацијата на проектот се одвива без застој”, посочи Меџити при увидот на работите на овие две локации.

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити порача дека жителите на Полог заслужуваат квалитетна вода и живот со современи стандарди и Министерството и Владата работат континуирано во оваа насока.  

Можете да прочитате

Почнува кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“

Студено утро со температури и до минус 11 степени

Скопје никако да се спаси од загадувањето, повторно во топ 10 најзагадени градови во светот!