Утрински Весник
Скопје

Меџити: Официјално започнува проектот од 40 милиони евра за изградба на кампусот на универзитетот “Мајка Тереза“

Izet medziti.jpg

Во рамките на претставувањето на вториот столб од неговата изборна програма “Образование“, кандидатот за градоначалник на општина Чаир од коалицијата ВЛЕН, Изет Меџити, соопшти дека започнува изградбата на кампусот на универзитетот “Маjка Тереза“, капитален проект во вредност од 40 милиони евра, поддржан од Владата.

“За ваша информација, вчера Министерството за транспорт ја издаде дозволата за подготвителните работи за Универзитетот “Маjка Тереза“, што значи дека од вчера започнува реализацијата на проектот“, истакна Меџити.


Тој додаде дека сите образовни проекти за новите објекти се предвидени во Деталниот урбанистички план и поседуваат градежна дозвола, а за нив е обезбеден и сигурен финансиски план.

Можете да прочитате

Герасимовски: Два нови ДУП-а за Калето и опфатот околу Француските гробишта,  повеќе зеленило, спортски објект и уреден простор

Поради протест денеска посебен режим на сообраќај во Скопје

Професорот пријавен за сексуално вознемирување ученичка е суспендиран