Утрински Весник
Македонија

Меџити од Вашингтон: Северна Македонија има нов почеток, разликата од порано е што се нудат нови кадри, без хипотеки, без политички багаж

Screenshot 2024 09 10 121330.jpg

Првиот потпретседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, кој е во официјална посета на САД и каде на покана на Атлантскиот совет учествува на Деветтата годишна конференција за енергетска безбедност на Централна и Источна Европа, во ексклузивно интервју за Гласот на Америка, изјави дека Северна Македонија има нов почеток. Тој додаде дека во Владата има партнери кои не носат хипотеки од минатото, туку се подготвени да се соочат со корупцијата, да се заложат за економски развој и подобрување на животниот стандард.

„Станува збор за нова коалиција од пред само една година, која ја сочинуваат четири политички субјекти, што во основа е револуционерна работа на политичката сцена на Северна Македонија. Ни треба малку време да се усогласиме, да се запознаеме и да работиме под чадорот на ВЛЕН. Но, разликата од порано е што се нуди нова рамка, без хипотеки, без политички багаж. И мислам дека Македонија има нов почеток. Во Владата има партнери кои не носат хипотеки од минатото, но се подготвени да се соочат со корупција, да се заложат за економски развој и подобрување на животниот стандард. Нашиот фокус е на децентрализацијата. Мислам дека сето тоа ќе даде нова динамика и ќе ја врати надежта кај младите за да не го гледаат заминувањето од државата како единствена алтернатива”, изјави Меџити во интервјуто за Гласот на Америка.

Во прилог е линкот до целосното ексклузивно интервју на првиот вицепремиер Изет Меџити за Гласот на Америка:

Можете да прочитате

Минчев: Имаме преголема и пребавна јавна администрација, работиме на нејзино кратење

Кичево – Охрид ќе биде завршен до крајот на 2026 година, ветува Николоски

ВО МАКЕДОНИЈА ДОАЃА ГОЛЕМ ВЛАЖЕН И ЛАДЕН ЦИКЛОН: Ќе донесе многу дожд, снег и снежна покривка од над 40 сантиметри!