
Новоизбраниот градоначалник на општина Чаир, Изет Меџити денеска официјално го презеде својот мандат. Во обраќањето по повод преземањето на функцијата, градоначалникот Меџити истакна дека ова враќање за него претставува чувство на чест и длабока одговорност кон граѓаните на Чаир кои му укажаа доверба со неспорна изборна победа на последните локални избори.
-Од денеска се враќам во моето место, меѓу моите луѓе, со чест, со скромност и со длабока благодарност. Чаир секогаш ме поддржувал, а овој пат ми даде силен мандат – доверба што ќе ја претворам во чесна работа, конкретни резултати и управување што го познава само јавниот интерес, истакна Меџити.
Тој додаде дека Чаир е дел од неговиот идентитет, дел од неговата лична историја и јавна мисија, нагласувајќи дека секој успех што ќе следи ќе го носи печатот на граѓаните кои никогаш не се откажаа.
-Пред нас стои ново поглавје. Ќе работиме со јасен план, со транспарентност и со храброст за да направиме големи промени. Имам доверба во луѓето на Чаир, во нивната енергија, талент и љубов кон ова место. Од денеска започнува работата за општина Чаир што ја сакаме, од денеска започнува нашето време, додаде градоначалникот Меџити.
Градоначалникот на Општина Чаир се обврза, како што посочи, на отворено управување, тесна соработка со граѓаните и посветеност кон урбаниот, економскиот и општествениот развој на општината, давајќи приоритет на транспарентноста, ефикасноста и граѓанското учество во секој процес на одлучување.



