Утрински Весник
Македонија

Меџити: Не падна влада со 61 пратеник, како би можело да падне мнозинство со ⅔ од пратениците!

20241108162131 Big 730x400 44.webp.webp

Заменик-премиерот Изет Меџити во „Пик Подкаст“ го нарече неосновано барањето на албанската опозиција за нови избори, бидејќи според него, актуелната влада за првпат има мнозинство од ⅔ од гласовите.

„Албанската опозиција, која беше долго време на власт, никако не може да се помири со фактот дека не е дел од оваа влада. Во демократијата постои правило дека првите 100 дена и се даваат шанса на новата влада додека се позиционира и етаблира, а потоа започнува поострата кампања, нешто што овие не го почитуваат. Од 90-тите години до денес не сме имале влада со 78 пратеници, која наскоро ќе има и над 80. Знаете дека минатите 4 години владата беше на стаклени нозе со 61 пратеник и не падна, па како сега би паднало мнозинство со ⅔ од бројот на пратениците“, изјави Меџити.

Можете да прочитате

Томас Вајц под закани поради извештајот за Македонија

Томас Вајц под закани поради извештајот за Македонија

За 14 години, Македонија изгубила 11,4 отсто од населението, тврди Евростат