Утрински Весник
Македонија

Меџити на работна средба со амбасадорот на Мисијата на ОБСЕ, Килиан Вал

Im Osbe1.jpg

 Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити денеска беше домаќин на работна средба со амбасадорот на Мисијата на ОБСЕ во Република Северна Македонија, Килиан Вал.

Меџити и Вал разговараа за можностите за соработка во континуирано партнерство со цел унапредување на приоритетните реформи во согласност со заложбите на ОБСЕ.

Двајцата соговорници се согласија дека имаат за цел зајакнување на правната држава, борбата против корупцијата, родовата еднаквост и зајакнувањето на младите, додека промоviraweto на транспарентноста, човековите права и одржливиот развој за доброто на сите граѓани остануваат заедничка цел.

Првиот вицепремиер Меџити повтори дека е максимално посветен на напредокот на интеграциската агенда на земјата кон заќленување во Европската унија, како единствено решение и со масовна поддршка од граѓаните.

Можете да прочитате

Денеска променливо облачно, претежно во западните делови со повремен снег, попладне облачноста ќе се намали

Денеска променливо облачно, претежно во западните делови со повремен снег, попладне облачноста ќе се намали

СДСМ: МВР итно да постапи, запален е автомобилот на претседателот на Општинската организација Кривогаштани