Утрински Весник
Скопје

Меџити најави одговорност за истечените хемикалии во Пинтија – Инспекторатот веќе постапува на терен

Image e.jpg

Инспекторатот за животна средина веќе е ангажиран на терен поради хемиската хаварија што се случи во скопската населба Пинтија, изјави првиот вицепремиер и министер за животна средина, Изет Меџити. Според него, надлежните служби се веќе активирани, а институциите подготвуваат санкции против одговорните.

Хемикалиите се излеале вчера од резервоар на приватна компанија за производство на стиропор, лоцирана во Кисела Вода. Според досегашните информации, хемикалиите се користеле во рамки на производствениот процес, а хаваријата предизвикала потенцијална закана по здравјето и животната средина.


На новинарско прашање за тоа што точно е преземено против компанијата, Меџити упати кон раководителот на Инспекторатот, кој функционира како дел од Министерството за животна средина.

Од Град Скопје соопштија дека по добиената пријава, на местото на настанот веднаш биле испратени екипи на Противпожарната бригада (ТППЕ Скопје), кои го изолирале инцидентот. Инспекциските служби подготвиле и записник, во кој се нотирани деталите за хаваријата и условите на теренот.

Градските власти потсетуваат дека за ваков тип на прекршок е предвидена парична казна од 45.000 евра за сторителот, како и затворање на производствениот погон и налог за санирање на штетите.

„Со извршен технички преглед на опремата под притисок, инспекторите констатирале дека вентилот на резервоарот покажувал знаци на протекување. Компанијата ‘Екопор’ не презела мерки за да спречи хаварија, и покрај очигледните индикации за дефект“, стои во писменото соопштение од Град Скопје.

Можете да прочитате

Кирков: Скопје издржало многу, ќе ја издржи и Арсовска уште неколку месеци

ЈП „Комунална хигиена“: Висар Ганиу пласира лажни вести во обид да ја покрие неспособноста

Кирков: Скопје издржало многу, ќе ја издржи и Арсовска уште неколку месеци