Утрински Весник
Скопје
300x250 opst2

Меџити: Културата, стратешки столб за развој на Чаир и оживување на Старата Чаршија

Image 2025 10 10 164457447.png
Img 7972

Од срцето на Старата скопска чаршија, кандидатот за градоначалник на општина Чаир, Изет Меџити, го промовираше четвртиот столб на неговата изборна програма: Културата, оценувајќи ја како клучна компонента за економски, социјален и урбан развој на општината.

„Не сме случајно во Чаршија за да го промовираме четвртиот столб на изборната програма Културата, бидејќи позитивните и европски практики покажуваат дека културата го подобрува имиџот на општините и има значително влијание врз економијата“, изјави Меџити, нагласувајќи дека меѓународните искуства се инспирација за нови пристапи.


Тој го посочи и примерот на општина Боткирка во Стокхолм, со која Чаир е збратимена, како доказ дека културата може да биде инструмент за трансформација.

“Ние како Општина Чаир сме збратимени со општина Боткирка, која има 60% жители со странско потекло и 40% Швеѓани. Во минатото се соочиле со многу предизвици, испробале различни пристапи, но само преку културата успеале да го подобрат имиџот и економијата. Со организирање бројни културни настани, станале дел од познатите медиуми не поради проблеми, туку поради култура“, рече тој.

Меџити нагласи дека слично влијание од културата може да се забележи и во Старата Чаршија, особено преку враќањето на студентите и развојот на културниот живот.

„И овде во Чаршија го видовме влијанието на културата, враќањето на студентите ја врати живоста. Бројните културни активности и концентрацијата на креативниот потенцијал донесоа пресврт“, рече Меџити.

Прогласувајќи ја културата како основен столб во неговото идно управување со општината, тој се обврза дека таа ќе оди рамо до рамо со младите, спортот и образованието, за изградба на модерен и инклузивен Чаир.

„Денес ветувам дека културата ќе биде важен столб на Општина Чаир. Сакам Звуците на Чаршијата да ги претвориме во културна порта, нешто слично како во Охрид или Скопје. Идејата е да создадеме природна сцена во Чаршијата која ќе функционира како жива културна точка“.

Меџити најави и реконструкција на културниот простор кај Куршумли Ан, кој ќе се претвори во отворена сцена за постојани културни настани.

„Кај Куршумли Ан постои отворена сцена која ќе ја реконструираме. Ќе ги насочиме таму културните здруженија сè во Чаршија, што верувам дека ќе биде голем поттик за културниот развој и вистинското оживување на Старата Чаршија“, заврши Меџити.

Можете да прочитате

Ацевски: Ѓорче е уништено од бетонизација, време е да ставиме крај

Филипче од Ѓорче Петров: Коки е човек од народот, направи повеќе за Ѓорче од актуелниот градоначалник на ДПМНЕ

Лукровски: Два мега паркови, Парк 1020 и Хајкинг Делта парк