Утрински Весник
Скопје

Меџити и Бакиу со поддршка за Орце Ѓорѓиевски во вториот круг за Скопје

566214954 1356158999470719 1365768174962493043 n.jpg

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, кој во вториот круг влегува како претставник на владејачката коалиција, доби поддршка од новоизбраниот градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, и од кандидатот на коалицијата ВРЕДИ, Башким Бакиу.

„Подадена рака! Денес остварив средба со новиот градоначалник на Чаир, Изет Меџити, и со кандидатот за градоначалник на Скопје од Коалицијата ВРЕДИ, Башким Бакиу. Од нив добив искрена и силна поддршка за вториот круг во Скопје – поддршка која дава дополнителна енергија и мотив да продолжиме напред,“ објави Ѓорѓиевски на социјалните мрежи.


Тој им се заблагодари на сите кои ја препознале неговата визија и му ја дале довербата во првиот круг од изборите, истакнувајќи дека борбата за подобро и помодерно Скопје продолжува.

„Заедно ќе го направиме нашиот град повторно горд, модерен, достоинствен и отворен за сите што живеат во него. Скопје го правиме заедно. По скопски! Победата ќе биде историска!“, порача Ѓорѓиевски.

Можете да прочитате

Ѓорѓиевски најави нова зона и дигитални услуги за корисниците на „Градски паркинг“

Страв во Карпош: Пит Бул слободно се движи и агресивно искаса минувач

Божиновска: Скопје расте – енергетскиот систем мора да го следи, нови инвестиции за стабилност и сигурна мрежа