Утрински Весник
Македонија

Меџити: Ќе се преземе се што е потребно за санирање на еколошките штети по пожарот во Трубарево

Izat Medziti Pres Vlada.jpg

Ќе се преземе се што е потребно за санирање на еколошките штети по пожарот во Трубарево, рече денеска првиот вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити.

Како што изјави Меџити, се чека да се создадат услови за да се делува. Ќе се направат сите неопходни анализи на водата и почвата врз основа на кои ќе се преземат и соодветни мерки.


-Владата институционално делуваше и за кратко време успеа да се справи со огнот, со катастрофата. Луѓето кои беа блиску беа евакуирани, пожарникарите делуваа херојски и за еден ден се затвори овој проблем. Нормално, каде што има оган од такви размери има и загадување, затоа Министерството ги ангажираше и акредитираната лабораторија и приватни лаборатории. Има анализи и јавноста е транспарентно известена за состојбата. Ќе направиме се што е потребно за санирање на штетите. Чекаме да се создадат услови. Ќе има анализи на почвата, водата и на се што треба, па врз основа на тоа ќе се преземат соодветни мерки, истакна Меџити, одговорајќи на новинарски прашања по промотивниот настан на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за скопски градоначалник.

Пожарот во Трубарево избувна во саботата, на 13 септември. Се запали објект со непрописно складиран отпад. Поради обемот и опасноста, пожарот не можеше да се стави под контрола. Зафати најголем дел од складираниот електричен отпад и објекти на подружницата за рециклирање. Согорувањето предизвика масовно испуштање чад, пепел и гасови во амбиенталниот воздух.

Можете да прочитате

Животот се поскап: Синдикална минимална кошница за септември 65.077 денари

Чупеска: Граѓаните ја изгубија вербата во демократските институции и во можноста за остварување на правда

ДУИ: Власта ја блокира европската иднина на државата