Утрински Весник
Македонија

 Меџити дел од 22-от министерски совет на Енергетската заедница

1 8.jpeg

Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити учествува на 22от Министерски совет на Енергетската заедница, што денес се одржува во Виена.

Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити во текот на состанокот имаше особен интерес за темите од дневниот ред поврзани со  вклучување дополнувањата на директивите од Европското законодавство во областите за води, диви птици и живеалишта.


Дополнително, предмет на интерес претставуваше и дискусијата врзана со презентацијата на регионалната студија за јаглеродниот надоместок и надградбата на патоказот за декарбонизација, кој треба да ја вгради перспективата до 2050 и целта за јаглеродна неутралност, која е дел и од предлог-законот за климатска акција кој влезе во владина процедура на усвојување.

Министерски совет на Енергетската заедница, ги собра министрите одговорни за енергетика и животна средина на деветте договорни страни од Договорот за Енергетска заедница. На средба заедно со Меџити присуствува и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска. 

Енергетската заедница е меѓународна организација која ја олеснува енергетската соработка на ЕУ и деветте договорни страни: Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Грузија, Молдавија, Црна Гора, Србија и Украина, а има и три постојани набљудувачи: Ерменија, Норвешка и Турција. Нејзина главна цел е да ги приближи договорните страни кон ЕУ преку олеснување на реформите и постепено проширување на правото на ЕУ за енергија, животна средина и клима.

Можете да прочитате

Внимателно возење: Магла на планинските превои Ѓавато и Плетвар

Исчезна 12-годишно дете од Злокуќани, утрово се качило во погрешен автобус

ДКСК почна со антикорупциска проверка на измените на Законот за јавните набавки предложени од ВМРО-ДПМНЕ