Утрински Весник
Скопје
300x250 opst2

Меџити: Чаир со новиот модерен булевар станува центар на развојот на Скопје 

Image 2025 10 01 154302168.png
Img 7972

Во рамките на ангажманите за еден модерен и функционален Чаир, кандидатот за градоначалник на оваа општина од редовите на владејачката коалиција ВЛЕН, г. Изет Меџити, денеска го претстави пред граѓаните еден од приоритетните проекти од неговиот мандат.

По завршувањето на булеварот „Цветан Димов“, во првата година од мандатот е предвидено започнување со трансформација на улицата „Мид’хат Фрашери“ (поранешна „Македонско-Косовска Бригада“) во модерен булевар, со должина од 1.850 метри и профил од 25 метри, во тесно партнерство со Град Скопје.


Оваа капитална инвестиција ќе донесе 4 модерни коловозни ленти за побрз и побезбеден сообраќај, патеки за велосипеди и пешаци, зелени површини кои ќе го подобрат квалитетот на животот и урбаната естетика.

Според Меџити, овој булевар ќе биде важна артерија која ќе го поврзе Чаир со улицата „Џон Кенеди“, нудејќи им на студентите полесен пристап до универзитетите, како и зајакнување на врската помеѓу Центарот на Скопје, Чаир и Шуто Оризари.

Во следната фаза, проектот предвидува целосна трансформација на улицата „Џон Кенеди“ во модерен булевар, со што ќе се изгради нов современ урбан прстен кој ќе го постави Чаир во центарот на инфраструктурниот развој на Скопје.

„Овој проект не е само асфалт и бетон. Тоа е нашата визија за еден поразвиен, побезбеден Чаир, поблиску до европските стандарди. Тоа е доказ дека кога Чаир се води со посветеност и визија, секое ветување се претвора во реалност“, изјави кандидатот на ВЛЕН за градоначалник на Општина Чаир, г. Изет Меџити.

Општина Чаир и коалицијата ВЛЕН остануваат решени да носат конкретни проекти што го менуваат животот на граѓаните, докажувајќи дека Чаир секогаш знае да биде предводник на развојот и пример за доброто.

Можете да прочитате

Ѓорѓиевски: Аеродром добива нов кружен тек, нов мост и уште многу други инфраструктурни проекти

Марковски: Пречистителната станица е еден од најкапиталните проекти за Скопје

СДСМ: Орце не може да го исчисти ниту „Расадник”, лаже дека ќе го исчисти цело Скопје за 72 часа