Утрински Весник
Скопје

Меџити: Чаир се мобилизира за Рамазан Бајрам – започна интензивна акција за чистење во текот на ноќта

F60b7163 2f1b 45fb b2cf d1b05369f01e.jpeg

Чаир се подготвува за Рамазан Бајрам. Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, синоќа бил присутен на почетокот на интензивната акција за чистење на јавните површини, која се реализира во рамки на подготовките за празникот Рамазан Бајрам, сооштуваат од Општината

„Општина Чаир секојдневно се ангажира за одржување и чистота на јавните површини, додека вечерва овој ангажман дополнително се интензивира. Започна целосно чистење на улиците, парковите, тротоарите и зоните околу контејнерите, со цел секој дел од Чаир да го одразува достоинството на овој празник.


„Рамазан Бајрам е празник кој нè обединува и нè потсетува на најдобрите вредности како општество. Наша одговорност е граѓаните да го дочекаат овој ден во чиста, уредена и достоинствена средина,” истакна градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити.

Акцијата се реализира во соработка со јавните претпријатија „Комунална хигиена”, „Паркови и зеленило”, како и ДПД „Бајрам Мифтари”, со ангажман на сезонски работници на општината и користење на соодветна механизација за чистење и миење на улиците“ се наведува во соопштението на Општина Чаир.

Можете да прочитате

Скопје домаќин на Детската Евровизија 2026?!

Општина Аеродром започна со уредување и реконструкција на ТЦ во Лисиче

Општина Илинден објави Јавен повик за бесплатни агрохемиски анализи на обработлива почва