Утрински Весник
Скопје

Меџити: Бујар Османи во телевизиска дебата нека ги земе со себе Груевски и Мијалков

Image 2025 10 10 155236025.png

Кандидатот на владејачката коалиција ВЛЕН за градоначалник на општина Чаир, Изет Меџити, му одговори со иронија на неговиот противкандидат од редовите на НАИ, Бујар Османи, по неговата изјава дека во дебата Меџити треба да го земе со себе премиерот Христијан Мицкоски.

Меџити возврати на остар политички начин, разобличувајќи ги старите врски на ДУИ и Бујар Османи со структурите на поранешната власт кои со години им наштетија на Албанците.


„Денес слушнав нешто ново, дека сум рекол да дојде во дебата со Али, со Артан и со неговите ПР агенции, за да ги соочиме аргументите, политиките и визиите за Чаир. Тој, пак, ми одговорил дека треба да го земам со себе Мицкоски. Јас Мицкоски ќе го земам како премиер, но тогаш добро би било тој, покрај Али и Артан, со себе да ги земе и Никола Груевски и Сашо Мијалков, и тука да ја затвориме оваа дебата, нека биде маж и нека закаже термин, нека избере национална телевизија, и од денес му порачувам дека таму ќе ме најде,“ изјави Меџити.

Можете да прочитате

Без вода утре делови од Сарај и високата зона во Ѓорче Петров, без струја делови од општина Бутел

Два инциденти со физички напади регистрирани во Чаир

Ангелов: Објекти на Водно се под ризик од свлечишта