Утрински Весник
Македонија

Меџити: Ако Таравари сака соработка со ДУИ, не му е местото во Владата

Img 7935.jpeg

Првиот вицепремиер и министер за животна средина, Изет Меџити, вечерва порача дека коалицијата ВЛЕН не се распаѓа, туку е посилна и поистрајна од кога било, и покрај актуелните превирања. Тој во интервју за ТВ Сител испрати јасна порака до својот коалиционен партнер Арбен Таравари, посочувајќи дека доколку тој навистина има намера да соработува со ДУИ, тогаш „не му е местото во Владата“.

„Сметам дека не му е местото во Владата штом сака соработка со ДУИ. Тоа се коси со политиките и принципите на формирање на оваа Влада – борба против корупција, враќање на правната држава и други начела“, изјави Меџити.


Тој потенцираше дека во ВЛЕН сите се обединети околу целта за носење на промена, демократија и плурализам во албанскиот политички кампус.

„Сите сè уште стоиме на тоа, освен господинот Таравари, кој од индивидуални и партиски причини, подолг период има состаноци и соработува со ДУИ. Нашиот став е јасен – не може да се биде дел од ВЛЕН и истовремено да се соработува со ДУИ“, додаде Меџити.

Тој исто така откри дека обединувањето на партиите од коалицијата ВЛЕН во еден политички субјект е процес што веќе е започнат, а кој се темели на желбите на гласачите. Според договорот постигнат на вчерашната средба на лидерите од коалицијата, новата партија ќе има Централно претседателство со 23 члена, Централно собрание, заеднички Централен штаб и локални штабови, како и медиумски центар.

Во врска со тоа кој ќе биде претседател на новата партија, Меџити рече дека тоа најверојатно ќе биде еден од тројцата лидери во коалицијата, но не ја исклучи можноста и за избор на нова, компромисна личност.

Можете да прочитате

Како се избира нов папа по смртта на Папата Франциск

„Културата не е трошок“ – Синдикатот на културни работници утре излегува на протест

За влез во државата на ГП Табановце и Богородица се чека околу еден час