Утрински Весник
Македонија

Меџити ја затвори вратата во ДУИ а отвори нова: формира своја партија

Меџити ја затвори вратата во ДУИ а отвори нова: формира своја партија

Изет Меџити ги започна активностите за формирање на новиот политички субјект во државата. Во Чаир тој беше придружуван и поздравен од пратеникот Кастриот Реџепи, пратеничката Мерита Коџаџику, градоначалникот на општина Чаири, Висар Ганиу и други приврзаници.

dobivaj vesti na viber

На состанокот кој според првичните информации ќе се одвива зад затворени врати, има 3 точки: Информации за актуелната политичка состојба во државата; дискусија за иницијативата на новата политичка иницијатива и разно.

Денешните активности ќе се одвиваат зад затворени врати, без присуство на медиумите, додека по завршувањето на активностите се очекува изјава за медиумите.

Наспроти актуелната тема за уставните измени, фракцијата на ДУИ, таканаречената „огнена група“ денеска најави дека ќе формира ново политичко движење во земјава, по неколкумесечно несогласување со нејзините сопартијци на чело со Али Ахмети.

Ваквата најава според познавачите, доаѓа 8 години по основањето на партијата „Единство“, кога неколку функционери на чело со Гзим Острени ја напуштија ДУИ.

Од ДУИ пак се убедени дека активноста на фракцијата нема да предизвика некоја поголема штета кај нивниот електорат.

Името на новото политичко движење засега останува непознато, а не се знае и кои ќе бидат неговите неговите претставници и лидер, имајќи предвид дека против формирањето на движењето се изјаснија дел од високите функционери на „Огнената група“, нагласувајќи дека војната мора да продолжи во ДУИ.

Досега неформален лидер беше Изет Меџити, поддржан од Блерим Беџети, Муса Џафери и Невзат Бејта.

Движењата „Беса“ и Алтернатива ја подадоа „раката на помирување“, а нивните лидери потпишаа декларација за соработка на опозицискиот фронт. Ова се случи неколку месеци откако Алтернатива излезе од Владата, за да и отстапи место на Алијансата за Албанците.

Пратеничката група на Алијансата за Албанците на 29 мај ја одби поканата на првиот човек на Движењето „Беса“ Билал Касами да се приклучи на таканаречениот опозициски фронт. Поканата на Касами важеше и за пратениците на “Огнената група§. Тие ја поздравија иницијативата за опозициски фронт, но рекоа дека битката ќе ја продолжат во ДУИ.

Засега останува непознато дали ова ново движење ќе соработува со опозициските партии.

Зад Меџити, според информациите од неговиот блок останува чаирскиот градоначалник Висар Ганиу, Саранда Имери и Башким Хасани. Меџити најавува дека новото движење ќе биде само вовед во предизборен опозициски блок, зашто се очекува и средба неделава со Африм Гаши и Билал Касами.

Можете да прочитате

Заплена на нелегални дрва, приведен и вработен од „Македонски шуми“

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме