Утрински Весник
Скопје
300x250 opst2

Меџити: Ја реконструираме улицата „Банатска“ во Топаана за полесно движење и поиздржлива инфраструктура

Img 5813.jpeg
Img 7972

Кандидатот на владејачката коалиција ВЛЕН за градоначалник на Општина Чаир, г. Изет Меџити, денеска одблиску ги разгледа градежните работи кои се изведуваат за реконструкција на улицата „Банатска“ во населбата Топаана.

Овој проект, со буџет од околу 3 милиони денари, се финансира преку вториот повик на Владата за поддршка на општините и има за цел да донесе видливи и позитивни промени во секојдневниот живот на жителите на Чаир.


Улицата ќе биде целосно асфалтирана со зајакната подлога, што ќе обезбеди долгорочна издржливост, како и подобрување на системот за одводнување со цел да се избегнат оштетувања при врнежи. Дополнително, сообраќајот ќе биде реорганизиран за да се зголеми безбедноста и удобноста за сите учесници во сообраќајот.

Според г. Меџити, овој проект значи полесно движење, побезбедни улици и трајна инфраструктура, како дел од поширокиот план за подобрување на комуналната инфраструктура во сите делови на Чаир.

„Секој проект што го реализираме има јасна цел, да му служи на граѓанинот“, истакна г. Меџити.

Можете да прочитате

Азири: Билансот на Бујар Османи е НУЛА за Чаир, сè за сопствената кариера и за пазарите на ДУИ

Трајановски: Две нови градинки и проширување на капацитетите на постоечките во општина Аеродром

Орце Ѓорѓиевски: Кружниот тек кај „Бутелска“ и „Александар Урдаревски“ е приоритет за безбеден сообраќај